Скандалозни коментари на Инстаграм профилот на убиецот од Младеновац, го нарекуваат херој (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Ново страшно злосторство ја погоди Србија, овој пат во Младеновац, во селото Дубона, каде што дошло до пукање во кое загинаа повеќе од 10 лица, меѓу кои полицаец (20), неговата сестра и уште еден млад човек (21).

Урош Блажиќ отворил оган од автоматска пушка и во таа прилика, според последните информации, пукал во над 20 луѓе.

Бегнал низ две села и пукал во секој кој се обидувал да му го попречи патот.

Блажиќ е уапсен по 8-часовна полициска потрага во Крагуевац.

Вознемирувачки се коментарите кои се појавија на неговиот Инстаграм профил. Некои го нарекуваат „херој“.

Имено, на неговиот Инстаграм профил се појави нова негова слика со коментар „Prangijam na keca“.

Слични содржини