Скопје во март ќе добие 17 еколошки автобуси

од Берта Китинска

Околу 12 март се очекува да пристигнат од 17 до 33 нови еко-автобуси во Скопје, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

-Еко-автобусите, се со црвена боја иста како и останатите автобуси во Скопје како заштитен знак, а внатрешноста на овие автобуси уште се работи. Од јавното сообраќајно претпријатие денеска ми ги пратија сликите од еко-автобусите, а во моментов МАН врши нивен надзор. Нашиот МАН е премиум производител, не е некој непознат кинески произведител, со кои сега имаме проблем во набавка на новите делови, поради коронавирусот, рече градоналаникот Шилегов.

Слични содржини