Скопската зоолошка градина ги објави првите ФОТОГРАФИИ од бебињата пингвини

од Stefanija Kuzmanovska

Скопската зоолошка градина преку видео се пофали дека има принова и тоа за првпат бебиња пингвини. Бебињата дошле на свет на 06.01, 07.01, 08.01 и 10.01 2023 година од два пара родители.

„Целиот период грижливо ги негуваа, а голем дел од денот со нив проаѓаа и татковците. Состојбата на малите пингвинчиња од видот хамболдт од ден на ден беше следена подеднакво и од нашите зоонегуватели Маја и Војо, како и стручни лица. За да ја доживеете и вие магијата на напредокот и растењето на пингвинчињата во изминатите два месеци, за вас подготвивме видео каде што се прикажани најемотивните моменти од јајца, преку првите прегратки со мајките, па се до денес“, соопштија од Зоолошката градина Скопје.

На официјалниот профил на Зоолошката на Инстаграм денеска беа објавени и првите фотографии од најновите жители – четирите мали пингвинчиња.

Слични содржини