Скоро половина милион повеќе смртни случаи оваа година во ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Во Европската унија имало 450.000 повеќе смртни случаи помеѓу март и ноември 2020 година во споредба со истиот период помеѓу 2016 и 2019 година.

Според Евростат, зголемувањето на смртноста го достигна својот прв врв во 2020 година во април. Нешто пониско зголемување на смртноста во ЕУ е забележано помеѓу мај и јули, а ново значително зголемување се случи на крајот на август и почетокот на септември, што се совпаѓа со новиот бран на пандемијата.

Најголем пораст на смртноста е забележан во ноември, што е за 40 отсто повеќе отколку во истиот период од претходните години.

Европската агенција за контрола и превенција на болести вели дека од почетокот на пандемијата на Ковид-19, 495.716 лица починале од последиците на инфекцијата на територијата на Унијата.

Слични содржини