Слаб интерес за гласање од изолација: Само 19 лица се пријавиле

од Nikola Popovski

Само 19 лица кои се во изолација поради коронавирусот досега се пријавиле за гласање од дома, потврдуваат од ДИК иако во земјава според евиденцијата на Државниот санитарен инспекторат околу 5.000 лица се во таква ситуација.

Рокот за пријавување истекува утре на полноќ, но имајќи предвид дека во досегашниот период се пријавиле само 19 лица, не се очекува овој број да се зголеми. Од 19 лица само 4 се од главниот град, а другите градови имаат по еден до двајца гласачи.

Сите оние кои ќе добијат решенија за изолација по овој рок, односно од утре, нема да можат да го искористат своето гласачко право.

За лицата во изолација е издвоен еден цел изборен ден во понеделник на 13 јули. Во вторник ќе гласаат болните и изнемоштените лица, хронично болните како и лицата во затвор и домашен притвор. На 15 јули, среда, ќе гласаат сите останати гласачи од избирачкиот список. За нив гласањето ќе започне во 7 часот, а ќе заврши во 21 часот.

Слични содржини