Сладолед за кучиња од две состојки во кои ќе уживаат и луѓето

од Aleksandar Petrovski

Позната ви е сцената во која вие јадете сладолед, а кучето ве гледа со жална фаца, но не смеете да му дадете ништо затоа што содржи шеќер? Имаме решение.

Се разбира, обичниот сладолед е полн со шеќер, млеко, прелив од чоколадо и домашните миленици не смеат да го јадат.

Постои алтернатива. Еве еден рецепт за сладолед за кучиња чија подготовка бара само неколку минути и само две ефтини состојки, а миленичињата ќе ја обожаваат, пишува dnevnik.hr.

Неговата основа е јогурт (исто така можете да земете кефир) кој се комбинира со други намирници. Секако избегнувајте млеко, бидејќи предизвикува пречки во варењето кај повеќето кучиња, а не им давајте ниту готови овошни јогурти.

Од друга страна, со процесот на ферментација на млеко, односно преработка во јогурт и кефир, лактозата се претвора во млечна киселина, која е безбедна за кучињата.

Сладолед од јогурт и банана

Состојки:

1 обичен јогурт или кефир (200 грама)

1 банана

Подготовка:

Истурете го јогуртот во блендер и додадете исечкана банана. Кога ќе добиете течна хомогена смеса, истурете ја во класични калапи за мраз. По 3-4 часа во замрзнувач, сладоледот е подготвен за дегустација на кучиња.

Слични содржини