Словачка не се откажува од рускиот гас, ќе плаќа и во рубљи

од Nikola Popovski

Министерот за економија на Словачка Ричард Сулик вчера изјави дека земјата нема да престане да увезува руски гас, додавајќи дека доколку е потребно, Братислава ќе плаќа и во рубљи, иако го поддржува ставот на Европската унија.

Ројтерс наведува дека Словачка се потпира на руски гас 85% од вкупната побарувачка.

Европската комисија во петокот изјави дека компаниите од ЕУ, кои плаќаат руски гас во евра или долари, нема да ги задоволат потребите на Москва, која експлицитно побара плаќање во рубљи.

„Протокот на гас не смее да престане. Доколку има услов да се плати во рубљи, ќе плаќаме во рубљи“, изјави Сулик за словачкиот јавен сервис РТВС.

Сепак, тој додаде дека Словачка ќе продолжи да работи заедно со ЕУ.

Словачка соопшти дека нивната гасна компанија СПП ја платила мартовската сметка во евра, како што стои во договорот.

Сулик додаде дека Братислава има шест недели да најде решение пред да се наплати следната сметка на 20 мај.

Фото: novatek.ru

Слични содржини