Словенија ќе ја претставува Хрватска во Брисел

од Nikola Popovski

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, се согласиле Хрватска да биде претставена на состанокот на Европскиот совет од Словенија, соопшти кабинетот на хрватскиот претседател, пренесува Хина.

Пленковиќ го известил Милановиќ дека не може да учествува на состанокот на Европскиот совет и му предложил на Милановиќ да ја претставува Хрватска.

Милановиќ му предложи на Пленковиќ Хрватска да биде претставена од Словенија, врз основа на претходни примери за добрососедска соработка на пријателски земји во такви ситуации.

Хрватска ќе биде претставена од словенечкиот премиер Јанез Јанша на самитот на ЕУ во четврток, објави Пленковиќ претходно денес на онлајн седница на Владата.

Хрватскиот премиер нема да присуствува на состанокот бидејќи неговата изолација е продолжена поради кашлица предизвикана од Ковид-19.

Во четврток и петок се одржува физички самит, кој ќе биде посветен на унгарската и полската блокада на европскиот буџет и планот за закрепнување, односите со САД и пандемијата на коронавирус.

Слични содржини