Случај Рашковски: ОЈО влезе на Правниот факултет

од Nikola Popovski

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја информира јавноста дека во рамките на истрагата против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување, точно е дека изврши претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје што ги користел осомничениот управител на правно лице и се одземени компјутери.

Воедно, во досегашната истрага, не се пронајдени материјали поврзани со приемните испити на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители. Што се однесува до Софтверот за полагање на испитот за прием на слушатели во Академијата на судии и јавни обвинители, истиот не е одземен.

Истрагата е поврзана со ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и вели дека е точно оти е направен претрес во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први – Скопје и одземени се компјутери. Станува збор за простории кои ги користел Даниел Станчев, управител на „Инвока гроуп“, фирма преку која, како што беше објавено изминатиот период, бил набавен и софтверот за тестирање на кандидати за Академијата за судии и јавни обвинители.

Слични содржини