Смаиловиќ: Не стивнува медиумската пропаганда против мене и моето семејство, со фабрикување лажни вести и ширење верска и етничка омраза

од Vladimir Zorba

Членката на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Мерсиха Смаиловиќ по нападите на проопозициските медиуми за говор на омраза и антисемитизам сподели дека нејзините ставови никогаш нема да бидат во контекст на антисемитизмот, расизмот и ксенофобијата.

Нападите доаѓаат откако Смаиловиќ коментираше фотографија на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, на која додека дава интервју, а во позадина се гледа знамето на ВМРО-ДПМНЕ.

На одговор на статусот, се прави паралела меѓу направеното од Мизрахи и поставувањето на албанското знаме во кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, на што таа коментира: „Тоа е знамето на албанската заедница во Македонија, а нејзиното е класично партиско. Да беше Давидова ѕвезда никому ништо!”

„Медиумската пропаганда против мене и моето семејство, со фабрикување лажни вести и ширење верска и етничка омраза, не стивнува. Вистината е дека моите ставови не се и никогаш нема да бидат во контекст на антисемитизмот, расизмот и ксенофобијата! Сè друго е лага и клевета. Коментарот е сè уште на мојот ѕид во рамките на дискусијата за оправданост на користење на знамиња на етничките заедници, а не на знамињата на политичките партии, и при тоа е многу јасен. Затоа, пред да се поверува на лажните информации, треба да се прочита убаво и да се провери вистината. Борбата со лажните вести доаѓа од нас самите, дали ќе кликнуваме или ќе одлучиме да игнорираме“, напиша Смаиловиќ на својот ФБ профил.

ВМРО-ДПМНЕ бара СДСМ да ја разреши Смаиловиќ од партиската комисија.

Слични содржини