Снуп Дог обвинет за сексуален напад

од Nikola Popovski

Американскиот рапер Снуп Дог се соочува со обвинувања за сексуален напад, кој наводно се случил во 2013 година.

Според „Ролинг Стоун“, жената чиј идентитет не е откриен го обвинила раперот дека ја принудил на орален секс во 2013 година.

Таа работела како една од танчерките, а во својата исповед изјавила дека Снуп Дог оваа работа ја извршил во договор со неговиот соработник Дон „Меџик“ Хуан.

Двајцата наводно и понудиле да ја однесат дома, а потоа таа заспала. Кога се разбудила околу 4 часот наутро, двајцата ја малтретирале и сексуално ја злоставувале.

Раперот брзо проговорил за овие обвинувања и негирал дека направил нешто од горенаведеното.

Слични содржини