Со браната „Конско“ се обезбедува наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Водостопанството како стопанска гранка е една од клучните области, низ чиј развој се реализираат стратешките планови за напредок и развој на во земјоделството. Владата предводена од СДСМ во континуитет вложува во оваа значајна гранка и резултатите се очигледни. Имено, во таа насока е и изградбата на браната „Конско“ која во моментов е изградена 60%, и освен што е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини во регионот, таа има и мултифункционална намена“, соопштуваат од партијата на власт.

Браната „Конско“ треба да обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, наводнување на земјоделските површини, производство на електрична енергија, но и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското езеро. Таа треба да обезбеди вода за наводнување на нови 8.000 хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини се зголемуваат за пет пати“.

Слични содржини