Со ист ТАГ-уред низ Македонија, Србија и Албанија: Во тек е тестирање на единствениот електронски систем за патарина

од Nikola Popovski

Тестирањето на единствениот електронски систем за наплата на патарина во земјите од „Отворен Балкан“ е во тек, а системот ќе почне да функционира кога ќе се потпишат сите договори, изјавил за РТС Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“. Тој додал дека во тек е проект за проширување на 26 наплатни станици.

Дарко Савиќ од „Патишта на Србија“ изјави дека во нивна надлежност се 830 километри автопати и 66 наплатни станици, а планирано е да се отворат нови станици кога ќе се изградат нови автопати, пренесува РТС.

Тој посочи дека електронската наплата во моментов е најчест начин на наплата и дека во системот за наплата има над 550.000 активни корисници.

Савиќ изјави дека во Србија дневно просечно поминуваат по 180.000 возила, а од 1 јануари до 1 септември поминале 45 милиони возила, што, како што истакна, е за околу 10 отсто повеќе од лани, која била рекордна година.

Зборувајќи за единствениот систем на електронска наплата во земјите на „Отворен Балкан“, Савиќ истакна дека уникатните уреди ТАГ ќе можат да се користат во Србија, Албанија и Северна Македонија.

Тој појасни дека во рамките на „Отворен Балкан“ системот ќе функционира со поврзување на ТАГ уредот со платежната картичка на корисникот и дека не е потребно надополнување, туку подигање на парите од сметката на корисникот.

Слични содржини