Со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор

од Vladimir Zorba

Во сабота со концерт на плоштадот Скендербег во Скопје ќе се обележи 21 година од Рамковниот договор и започнувањето на преговорите за полноправно членство во Европската Унија.

Настанот е организација на Министерството за политички систем, на чие чело е Артан Груби.

-Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава организира „PEACE FESTIVAL“, како и Школа за млади лидери „Peace Forum Dialogue”. Првото издание на фестивалот кој се стреми да стане традиционален, ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје со настап на познати музички звезди. Заедно одбележуваме 21 годишнина од Охридскиот рамковен договор како и започнување на преговори за полноправно членство во Европската Унија- објавено е на страницата на министерството.

Музичкиот настан ќе се одржи на 13-ти август, во сабота, со почеток од 21 часот.

Слични содржини