Со помош на храна прочистете го дебелото црево

од Elena Daskalova

Дебелото црево во нашиот организам врши прилично „нечиста“ работа, односно помага преку ресичките да се впијат хранливите материи, а остатокот во вид на измет помага да го исфрлиме од телото.

Често се случува остатоци од храната да се заглават во него, а ние можеме да помогнеме тоа поретко да се случува со помош на правилна и соодветна исхрана.

Поради тоа, обидете се во својата исхрана што повеќе да имате:

Киноа и кафеав ориз

Фокусирајте се на цели зрна житарици, кои се богати со растителни влакна, лесно поминуваат низ дигестивниот систем и го прочистуваат дебелото црево.

Грав и леќа

Луѓето кои во својата исхрана редовно имаат мешунки, особено грав и леќа, имаат и до 35% намалена шанса за заболување од рак на дебелото црево.

Чиа семе

Две полни лажици чиа семе дневно ги задоволуваат 40% од потребите на телото за растителни влакна. Тие помагаат во чистење на отпадот од храната, а особено холестеролот и нивно исфрлање од дигестивниот систем.

Карфиол, брокула, прокељ

И овие зеленчуци се богати со растителни влакна и помагаат храната лесно да поминува низ целиот дигестивен систем и да не се лепи премногу за ресичките на дебелото црево.

Ореви

Оревите содржат омега 3 масни киселини и затоа се клучни во прочистувањето на дебелото црево, но и општо во одржувањето на здрав дигестивен систем.

Што да избегнувате?

Сите процесирани меса, особено сланината и виршлите. Треба да внимавате и на внесот на алкохол, односно доколку можете, целосно да го исклучите од своето мени.

Суплементи

Нема ништо лошо во тоа да пиете пробиотици и да земате суплементи со растителни влакна, додека да се навикенте на новиот начин на исхрана.

Слични содржини