Со помош на маскара постигнете волумен и густина на трепките

од Elena Daskalova

Нанесувањето маскара не е голема филозофија, но секогаш може и подобро од она што веќе го знаете. Сите девојки сакаат густи и волуменозни трепки, а тоа може да се постигне со квалитетна маскара и добро совладана техника на нејзино нанесување.

Идејата за вештачки трепки на голем број девојки им е одбивна, па за нив ги имаме следниве совети за погусти трепки:

Корстете две маскари

За да се постигне саканиот ефект, многу шминкери советуваат користење на две маскари со различна намена. Првиот слој нанесете го со маскара чија четкичка ќе ги раздвои и издолжи. Вториот слој треба да биде со маскара која е наменета за да додаде волумен на вашите трепки.

Вистински потег

Првиот слој на маскара нанесете го со вообичаеното движење. Вториот слој се нанесува со цик-цак движења, почнувајќи од коренот, па се до врвовите.

Маскара и на горната страна

Иако ова е совет кој можеби и веќе сте го чуле, всушност ретко кој го практикува. За погусти трепки, нанесувајте маскара и на горниот дел. Ставете хартиено марамче под окото, нанесете маскара на горниот дел од трепките, а потоа кога малку ќе се исуши, направете го истото и од долната страна.

Слични содржини