Со помош на овие намирници можеме да го подигнеме нивото на витаминот Д во организмот

од Vladimir Zorba

ВИТАМИН Д е есенцијална хранлива материја која не се произведува природно во нашето тело, но може да се добие и од здрава храна. Тоа е витамин растворлив во масти кој помага во апсорпцијата на калциумот кој ги одржува нашите коски, мускули и заби здрави, но исто така спречува коскени деформитети како рахитис кај децата и болки во коските поради состојба наречена остеомалација кај возрасните, пренесe India Times.

Како што објаснуваат диететичарите, постојат одредени намирници со кои може значително да се подигне нивото на витамин Д во организмот, а тоа се:

лосос
млеко
сок од портокал
жолчка
печурки
црвено месо
житарици и овесна каша.

Слични содржини