Со закани и говор на омраза во „одбрана“ на Црквата

од Vladimir Zorba

Експлицитен говор на омраза и закани во „одбрана“ на Црквата на извесен профил на социјалните мрежи кој се претставува како Петар Богојевски кон поранешниот граѓански активист и актуелен национален координатор за Отворен Балкан, Марјан Забрчанец.

„Се моли секоја изгубена честитка во уста и на слово да не ја става Црквата!!! Зашто сега за сега се моли… а за кратко време ќе се … !“, стои во заканата на Богојевски.

Под коментарот се додадени уште закани во форма на хаштаг „Око за око, заб за заб“.

Претходно Забрчанец објави статус во кој напиша:

„Се моли црквената политика да не се меша во родовата еднаквост. Се молат верниците слободно да си се молат на господа и да не ја мешаат црквата во родовата еднаквост“.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Слични содржини