Собирот на „Пријатели“ конечно снимен: Ова е сè што знаеме за специјалната епизода!

од Vladimir Zorba

Поминаа скоро 17 години откако шесте најпознати „Пријатели“ беа заедно на филмскиот сет, сепак, минатата недела конечно беше снимено шоуто каде што конечно се собра целиот тим на ситкомот.

Специјалното еднократно шоу ги обедини оригиналните улоги: Метју Пери (Чендлер), Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника), Лиза Кудроу (Фиби), Мет Лебланк (Џои) и Дејвид Швимер (Рос).

Средбата треба да се емитува на платформата HBO Max. Конечниот собир на „Пријатели“, како што е познато, требаше да се снима минатиот август, но беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Датумот на емитување допрва ќе биде објавен, но се очекува да ги гледаме овие шестмина во следните неколку месеци.

„Пријатели“ беше најголемиот ситком во 90-тите години на минатиот век и најде нова генерација фанови (и критичари) благодарение на повторените проекции и стриминг сервисите како Нетфликс.

Оригиналната екипа е и извршен продуцент на средбата, заедно со креаторите на шоуто Кевин Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн, а Бен Винстон е режисер, пишува Би-Би-Си.

Иако не е познато како ќе изгледа содржината на ова шоу, кое се чува под превезот на тајност, некои детали се познати. Имено, снимањето за специјалот „Пријатели“ се одвиваше на Сцената 24, на плацот на браќата Ворнер во Бурбанк, Калифорнија.

Некои сцени од „Пријатели“, како што пренесуваат странските медиуми, ќе бидат „оживеани“, како што е познатата фонтана во која се капеше екипата за време на воведниот дел од шоуто. Секако, сè ќе биде придружено со тематската мелодија на групата „The Rembrants“ – „I’ll Be There For You“.

Пред неколку дена, актерот Метју Пери, кој го игра Чендлер Бинг, ни откри како изгледаат подготовките. Имено, тој објави слика од шминкерницата, која ја избриша многу брзо.

– Неколку секунди пред да ја изеде четката за шминка. Да не зборуваме за повторно обединување со Пријателите – напиша Пери.

Деталите ги откри Дејвид Швимер пред извесно време додека гостуваше во емисијата на Греам Нортон. Имено, тој објасни дека нема да го игра Рос, туку во посебната епизода ќе биде – Дејвид Швимер.

– Ќе бидам јас. Јас ќе бидам Дејвид. Ние не сме во ликовите … сите сме сами, вистински луѓе – рече Швимер.

Но, тој исто така даде збунувачки информации.

„Но, има еден дел, не сакам да го откријам … каде сите сме прочитале нешто“, рече Швимер.

Џенифер Анистон беше појасна во своето интервју за „Варајети“.

„Нема да бидам Рејчел, иако сум“, рече Џенифер.

Инаку, на Твитер кружат фотографии како таа ќе изгледа на снимањето.

Сè уште не е познато кога ќе се прикаже долгоочекуваната емисија со „Пријатели“.

Судејќи според објавата на официјалната веб-страница, наскоро.

Слични содржини