Сочни свински ребра со BBQ сос

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 1 кг свински ребра

-100 гр кафеав шеќер

-1 кафена лажичка црвен пипер

-3 чешниња лук

– 400 мл BBQ сос

– сол, бибер

Подготовка:

Ребрата ставете ги на алуминиумска фолија, а потоа добро втријте ја на нив смесата од шеќер, сол, црвен пипер и лук.

Ребрата убаво завиткајте ги од сите страни во алуминиумска фолија и печете ги во загреана рерна околу 120 минути.

Извадете ги ребрата од рерна и премачкајте ги со готовиот BBQ сос. Повторно ставете ги во рерна 10 минути за сосот да се запече малку.

Слични содржини