Софијанова: Процентот на заболеност кај децата е многу помала и симптомите се буквално асимтоматски

од Vladimir Zorba

Докторката Аспазија Софијанова во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ 21 изјави дека не се очекува коронавирусот да направи компликации кај новороденчињата.

„Процентот на заболеност кај популацијата новороденачка, доеначка и деца е многу помала и симптомите се буквално асимтоматски“, додава таа.

Софијанова вели дека има случај на новороденче кое е негативно на коронавирус, а сега се чекаат резултатите од тестирањето на мајката.

Таа посочи дека симптомите на коронавирусот кај деца и возрасни може да бидат сосема различни.

Докторката додаде дека тие постојано се во контакт со новороденчиња и доенчиња кои имаат потреба на следење од Детската Клиника.

Слични содржини