Солскјер: Повикот за намалување на платите на фудбалерите е неправеден

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер го нарече повикот за намалување на платите на фудбалерите поради пандемијата „неправеден“, пренесуваат медиумите на Островот.

Солскјер изјави дека играчите се „лесна мета“ и рече дека упатуваат неправедни повици за намалување на платите.

„Јас познавам многу фудбалери кои придонесуваат за општеството преку својата работа. Тие прават многу за да ја ублажат оваа тешка ситуација“, рече Солскјер.

Норвешкиот тренер истакна дека за време на пандемијата, сите минуваат низ тежок период, додавајќи дека клубовите и играчите разговараат за тоа што може да се направи.

„Време е да донесеме подобри одлуки. Сите ние сакаме да помогнеме на општеството и националниот здравствен систем на Велика Британија “, заклучи Солскјер.

Слични содржини