Сончево со мала до умерена локална облачност

од Vladimir Zorba

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од УХМР информираат дека следува период на стабилно време со свежи утра, а преку денот ќе преовладува сончево и постепено потопло. До понеделник ќе дува слаб, на места умерен ветер од североисточен правец. Позначително наоблачување се очекува кон крајот на следната работна недела.

Слични содржини