Сончево со мала облачност и температура до 38 степени

од desk4

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, особено изразен во североисточните делови каде повремено ќе засилува. УВ индексот ќе изнесува 8.

Утринските температури ќе се движат од 12 до 21 степен, а дневните од 28 до 38 степени.

Во Скопје и околината сончево време со утринска температура до 18 степени, а дневна температура до 36 степени.

Слични содржини