Сообраќајна несреќа во Ѓорче Петров, тешко повредено едно лице

од Stefanija Kuzmanovska

Тешко повредена била 50-годишна жена во сообраќајна несреќа која се случила вчера во Скопје.

Несреќата се случила на ул.„Ѓорче Петров“ помеѓу патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(24) од Скопје и патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од С.П. од Струга, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничка од возилото „цитроен“, В.Д. (50) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увидна екипа од СВР Скопје извршила увид на местото.

Слични содржини