Сообраќајот во прекин за камиони и наизменичен за автомобили на патот Дебар – Маврово

од Radmila Tasevska

Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Дебар – Маврово кај  Бошков мост, од 15.30 сообраќајот е во прекин за товарни возила, а за патнички возила се одвива наизменично, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ информира и дека од 15.05 часот е нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кој претходно беше во прекин поради густ чад од пожар.

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

-На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти АМСМ.

Слични содржини