Сопругата на Драгојевиќ: Дури и денес, кога ќе заsвони телефонот, мислам дека тој ми се јавува

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска се навршуваат три години откако Оливер Драгојевиќ не напушти – тој почина по тешка болест во болницата во Сплит. Во Хрватска, и пошироко, веднаш завладеа голема тага. Она што човекот го чувствува само кога ќе замине најголемиот. А Оливер беше еден од нив.

„Тој секогаш ме нарекуваше жено, Весна скоро никогаш ме немаше кажано. Тешко е и денес, не одам сама на неговиот гроб затоа што мислам дека би се онесвестила. Дури и денес, кога ќе заsвони телефонот, мислам дека тој ми се јавува“, тажно изјавила Весна Драгојевиќ, сопруга на починатиот пејач.

Со Оливер беше скоро 50 години, имаа три сина, седум внуци.

Тешката болести и смртта ја прекинаа нивната идила. Пејачот уживаше во Сплит, а уште повеќе во Вела Лука. И секогаш со семејството. Кога ќе дојдеше во Корчула, тој земаше маица, стари шорцеви, ставаше капа на главата и со тоа „се спојуваше“ со местото. Малку риболов, па дружење со пријателите, песната секогаш беше добредојдена.

Во Вела Лука и оваа година како и минатата година се одбележува годишнината од смртта на големиот пејач. Всушност, се започна во понеделникот на траектот за Корчула, кога Зорица Конџа, Марко Тоља, Анте Гело и други го разубавија патувањето со песна. Во вторникот, во атриумот на Центарот за култура се отвори изложбата „Оливер во објективот на Ливи Андријиќ“.

Денеска ќе биде положен венец на локалните гробишта, по што ќе има миса и рецитал во црквата. Врвот е во вечерните часови, голем концерт за Оливер „Трага во бесконечност“. Се завршува во петок, со џез -концерт.

Слични содржини