Сопругата на Шумахер: Ми недостасува секој ден (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

За време на разговорот во документарецот посветен на нејзиниот сопруг, сопругата на Михаел Шумахер, Корина бeше преплавена од емоции.

Документарниот филм наречен „Шумахер“ е објавен на 15 септември, а емоционалната исповед на Корина привлече посебно внимание.

„Никогаш не сум го обвинувала Бог. Сето тоа беше само лоша среќа – сета лоша среќа што можеме да ја имаме во животот. Секако дека ми недостасува Мајкл, секој ден. Но, не ми недостасува само мене. Исто така, им недостасува и на неговите деца, неговото семејство, неговиот татко, сите околу него “.

„Мислам, на сите им недостасува, иако Михаел е тука. Поинаку е, но тука е и ни дава сила“.

Таа додаде дека нејзиниот сопруг е исклучително силен психички:

„Ми покажува колку е силен секој ден. Ние сме заедно, живееме заедно во нашиот дом. Одиме на терапија, правиме се што можеме за да го направиме Мајкл подобар и поудобен. Да се ​​чувствува дека е дел од нашето семејство, нашата врска … Без разлика на се, јас ќе сторам се што можам. Михаел секогаш не штитеше, сега ние го заштитуваме “.

Потсетуваме, Шумахер имаше несреќа при скијање во декември 2013 година, по што неговата состојба беше покриена со превез на тајност.

Слични содржини