Соработници на Деџенерис: Делеше откази кога одевме на погреб или бевме болни

од Vladimir Zorba

Водителката Елен Деџенерис е повторно под удар на критичарите. Имено, иако долги години е омилена презентерка, нејзиното однесување кон гостите и деловните соработници остави горчлив вкус во устата на своите фанови.

Нови детали за нејзиниот став кон вработените се објавуваат секој ден, а презентерката едноставно одбива да ја коментира целата ситуација. Повеќе од десетина поранешни и некои сегашни соработници им опишаа на странските медиуми како е да се работи за Елен. Тие рекоа дека работната околина е полна со омаловажување, страв, но и расизам.

– Ваквите ситуации се случуваат скоро секогаш кога камерите се исклучени. Таа е претставена како сосема друга личност, но во реалноста е страшна – рече една вработена која поради страв од судска постапка посака да остане анонимна.

Некои вработени откриле дека Елен делела откази како ќе и текнело. Луѓе биле отпуштени доколку заминат на боледување, придружувани од блиски членови на семејството, а едно лице е отпуштено поради објавување фотографија од канцеларијата.

Исто така, имало јасна разлика во третманот на соработниците што ги сакала и оние од кои не била задоволна. Едни ги наградувала со подароци и комплименти, додека ги игнорирала или малтретирала другите.

Фановите се во шок, бидејќи Деџенерис секогаш се претставува во јавноста како топла и пристапна личност.

Слични содржини