СОС Детско село со нова кампања „СОС Суперхерои“

од desk2

СОС Детско село ги повикува сите граѓани да го разбудат суперхеројот во себе и да се приклучат во најновата кампања „СОС Суперхерои“. Вклучувајќи се во оваа кампања, секој ќе може да донира и да ја даде својата поддршка на децата без родителска грижа и социјален ризик за кои СОС Детско село се грижи веќе 18 години.

Стремежот на СОС Детско село „Ниту едно дете не треба да расте само“ може да стане реалност само со помош на добрите луѓе, на оние кои веруваат во работата на СОС Детските села, во нашата мисија и цел, а целта нам, во СОС Детско село ни е да понудиме топол дом, среќно детство и секојдневие какво што уживаат сите други деца.

Зошто суперхерој? Затоа што на децата за кои се грижи СОС Детско село им е потребен херој, инспирација, лик со кој ќе се идентификуваат. Зошто да не сте тоа Вие? А, како сево ова може да се оствари? Едноставно, секој што ќе одвои средства, во рамки на своите можности и донира online преку веб страницата на СОС Детско село ќе биде нашиот Суперхерој и не само наш, со својот позитивен пример ќе биде Суперхерој за сите и деца и возрасни.

Кампањата ќе трае три месеци, во кои ќе може да се докаже македонската хуманост, хуманоста на овој народ, за која се прикажува нашироко а ќе можете да ги покажете и докажете и Вие своите Супер моќи. „Суперхерој сте за луѓето околу себе и за оние на кои најмногу сте им потребни. Суперхерој сте доколку давате позитивен пример, доколку помагате… Затоа, ние од СОС Детско село, повикуваме: Бидете и Вие, биди и ТИ СОС Суперхерој! Тоа е нашата водилка, нашата идеја во најновата кампања на СОС Детско село – „СОС Суперхерој“.

Во рамки на оваа кампања, која пред сè, ќе се води преку социјалните мрежи, ние, од СОС Детско село, ќе бидеме присутни три пати неделно во Синеплекс во Сити мол, секој вторник, четврток и сабота од 18:00 до 20:00 часот каде ќе имате можност да дознаете повеќе за нашата работа и да донирате. Првата ваква можност граѓаните ја имаа вчеравечер во Синеплекс.

Кампањата на СОС Детско село „СОС Супер – херој“ повикува на акција ВЕДНАШ, бидете и Вие суперхерој, бидете пример за сите деца и поттикнувате ја хуманоста кај нив уште од најмали нозе.

Линкови за донација

Facebook link – https://www.facebook.com/detskoselomkd/

Instagram link – https://www.instagram.com/sosdetskoselomakedonija/

Интернет страница за донирање – https://sos.org.mk/sos-superheroi/

Слични содржини