Соседите на Кеба искрени за Северина: Немаат ниеден лош збор

од Elena Daskalova

Соседите на пејачот Кеба, од Бежаниска коса во Белград, за првпат прозбореле што мислат за неговата снаа Северина и за ситуацијата во која таа се наоѓа.

Откако Северина го изгуби старателството, таа продолжи да се бори за правдата. Соседите на Кеба истакнуваат дека местото на детето е покрај мајката.

„Таа сите нè освои со нејзината насмевка и ведрина. Се гледа дека се среќни. Ги гледавме како си играт во дворот. Никако не можам да сфатам како нејзиниот поранешен партнер можеше да го земе детето“, изјавила една од сосетките на Кеба за „Курир“.

„Ја следам нејзината кариера од самиот почеток, а откако се омажи со малиот Кеба, ме воодушеви. Тогаш видов дека за љубовта нема предрасуди. Ѝ побарав автограм и веднаш се потпиша, после ме прегрна. Немам сила да зборувам за ова што ѝ се случува, ми се плаче“, изјавила друга сосетка.

Слични содржини