Соседите на Роналдо откриле како е да се живее покрај него

од Stefanija Kuzmanovska

Роналдо знаеше дека сака да стане најдобриот играч на светот и тој целосно се посвети на тоа. Неговиот живот е фокусиран само на фудбалот, а тој ретко сака да зборува за тоа што прави во слободно време.

Неговите соседи во Торино им откриле на италијанските медиуми дека Роналдо е исклучително тивок и повлечен човек и дека тој е тотална спротивност од она што се зборува за фудбалерите.

„Кај него ги нема тие забави, дружење со пријатели и соиграчи секој ден или возење диво низ населбата. Тој е неверојатно мирен човек, како и целото негово семејство“, рече Елизабет Борел, која живее веднаш до Роналдо.

„Често е надвор со децата и тие си играат, но воопшто не прават врева. Нè предупредуваа за фудбалерите и ни кажаа какви немири тие носат кога ќе се вселат, но тој е неверојатен. Сите сме изненадени од тоа колку тој се грижи за сè. Не го очекувавме тоа кога се всели во куќата до нашата“, додаде таа.

View this post on Instagram

Happy Sunday ❤️ #blessed

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Слични содржини