Состојбата во Хрватска се влошува: 2.421 новозаразени, 8 починаа

од Vladimir Zorba

Денес во Хрватска се регистрирани 2.421 случај со коронавирус и пријавени се осум смртни случаи.

Вчера во земјата беа регистрирани рекордни 2.242 нови случаи, а состојбата денес е уште полоша.

Има 825 пациенти на болничко лекување, од кои 58 пациенти се на апарати за дишење. Во моментов има 28.177 лица во самоизолација.

Поради големиот број заразени лица, Кризниот штаб денеска ќе донесе одлука за нови мерки, бидејќи претходните не ги дадоа посакуваните резултати.

Се очекува бројот на луѓе на јавни собири да се намали на 50, на свадби на 25. Бидејќи работното време во кафулињата и рестораните е ограничено до полноќ, луѓето купуваат алкохол на бензински пумпи, па се очекува за време на епидемијата, продажбата на алкохол на пумпите да биде забранета.

Слични содржини