Совети од гастроентеролог за денови кога ве мачи надуеност

од Vladimir Zorba

Надуеноста може да се поврзе со нерамнотежа во цревната флора, бактерии и други микроорганизми кои живеат во цревата и помагаат во варењето на храната.

Постојат неколку вообичаени можни причини за надуеност: премногу гасови или проблеми со движењето на гасови, дисфункција на дебелото црево, ПМС или нетолеранција на храна, вели др. Ашкан Фархади, гастроентеролог во Медицинскиот центар MemorialCare Orange Coast во Калифорнија.

Тој има неколку совети за повремената надуеност:

Прошетки

Одењето може да помогне при надуеност бидејќи го стимулира дигестивниот систем да стартува, а истражувањата исто така покажуваат дека луѓето кои редовно вежбаат имаат помали шанси да имаат акумулирано гасови во цревата отколку оние кои не вежбаат.

Солена бања

Солта се користи за ублажување на стресот, кој често влијае на цревата и може да ги забави мускулните контракции, така што бањата ќе му помогне на телото да се ослободи од храната во цревата, вели Фархади.

Дигестивен ензим или пробиотик

Надуеност, исто така, може да се поврзе со нерамнотежа во цревната флора, бактерии и други микроорганизми кои живеат во цревата и помагаат во варењето на храната, а понекогаш и додатоци во исхраната, како што се ензими за варење, пробиотици и пребиотици, исто така, помагаат.

– Истражувањата поврзаа одредени видови пробиотици со намалување на гасови и надуеност, затоа побарајте пробиотици кои ги содржат бактериите Bifidobacterium lactis HN019, Bifidobacterium lactis Bi-07 и Lactobacillus acidophilus NCFM.- советува др. Фархади за Mind Body Green.

Многу вода

Дехидратацијата предизвикува потешка столица во цревата што може да направи да се чувствувате надуено, вели Фархади и препорачува мажите да пијат вкупно околу 15 чаши течност дневно, а жените околу 11 чаши.

Храна богата со растителни влакна, но во умерени количини

Иако повеќето луѓе веруваат дека храната богата со растителни влакна е добра за здравјето бидејќи помага во растот на здрави бактерии, тие исто така можат да го поттикнат растот на лошите бактерии, кои можат да произведат повеќе гасови и да предизвикаат надуеност, објаснува др. Фархади, и препорачува прво да консумирате помалку влакна, а потоа полека да ги зголемувате, за да постигнете толеранција.

Како да се борите со надуеност на долг рок

Важно е да обрнете внимание на вашата исхрана и како се чувствувате после јадење одредена храна, рече Фархади, а тој исто така советува да се избегнува сирова храна по 16 часот, бидејќи обично содржи многу влакна.

– Исто така, може да ви помогне да јадете побавно, добро да ја џвакате храната и да не јадете доцна навечер – додава тој, а добро е да консумирате храна што ја намалува надуеноста, како краставици, авокадо, ѓумбир и јогурт.

Ако надуеноста е постојан проблем, Фархади советува посета на лекар кој ќе советува конкретни промени во исхраната или тест за нетолеранција на храна

Слични содржини