Советот на Европа, по повод две години од војната во Украина, ја повтори целосната поддршка за Киев

од Radmila Tasevska

Лидерите на Советот на Европа (СЕ) денеска во заедничка изјава по повод две години од почетокот на руската агресија врз Украина, ја повторуваат нивната целосна солидарност и поддршка за Киев.

Министерството за надворешни работи, образование и спорт на Лихтенштајн и претседателот на Комитетот на министри Доминик Хаслер, претседателот на Парламентарното собрание Теодорос Русопулос и генералниот секретар Марија Пејчиновиќ Буриќ објавија дека се шокирани од неодамнешното зголемување на цивилните жртви предизвикани од руското бомбардирање.

„Загрижени сме за судбината на децата кои Русија незаконски ги депортираше од Украина или насилно ги префрли на териториите кои привремено ги окупираше. Ја нагласуваме важноста на работата на Советот на Европа, вклучувајќи ја и Консултатската група за деца на Украина, која ги координира акциите поврзани со децата кои побарале засолниште во други земји-членки на Советот на Европа“, се наведува во изјавата, соопшти Советот на Европа.

Се наведува дека поради заклучокот на СЕ дека не може да има траен мир без одговорност, создаден е Регистарот на штети предизвикани од агресијата на Советот на Европа, во кој во моментов учествуваат 43 земји и Европската унија, а кој ќе биде целосно оперативен со првите барања кои ќе бидат поднесени оваа пролет.

„Водени од нашата посветеност на правдата, ќе продолжиме да работиме на тоа руските цивилни и воени власти да одговараат пред надлежните судови за злосторствата извршени против Украина и нејзиниот народ, се вели во заедничкото соопштение.

Слични содржини