Советот за безбедност на ООН го поддржа Гутереш за втор мандат

од Stefanija Kuzmanovska

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска го поддржа генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш за втор мандат на функцијата.

Советот за безбедност на ООН му препорача на Генералното собрание, кое брои 193 члена, да го назначи за уште пет години од први јануари 2022 година, изјави денеска естонскиот амбасадор во Обединетите нации, Свен Јиргенсон, претседател на Јунскиот совет.

Јиргенсон рече дека Генералното собрание најверојатно ќе се состане за да го закаже состанокот на 18 јуни, објави „Ројтерс“.

Португалскиот дипломат ја презеде функцијата генерален секретар на ООН од први јануари 2017 година.

Слични содржини