Совршен појадок: Лиснат ролат со павлака и пилешки гради

од Elena Daskalova

Овој вкусен ролат од готови кори е подеднакво вкусен и кога е топол и кога е ладен. Може да го јадете и за појадок и за вечера.

Ќе го обожаваат и возрасните и децата, а по желба, можете да експериментирате и со други состојки.

Состојки:

500 гр кори за пита
150 гр меко сирење
150 гр кисела павлака
270 гр пилешки гради
Оригано

За премачкување:

3 јајца
80 гр гриз
5 гр прашок за пециво
250 мл јогурт
200 мл масло
Сол

Подготовка:

Измешајте ги состојките за премачкување. Потоа направете го филот.

Земете една кора, премачкајте со смесата за премачкување, ставете уште една кора, премачкајте ја и таа, а на третата ставете по должина од филот и свиткајте ролат. Повторете ја постапката додека да се потрошат корите. Ролатите редете ги во подмачкана тава за печење.

Преостанатата смеса за премачкување нанесете ја врз питата. Ставете сусам и печете околу 30 минути, додека да се добие убава златна боја.

Слични содржини