СП Ракомет: Данска ја декласира Норвешка и стигна до златен медал

од desk2

 

Репрезентацијата на Данска прв пат во историјата ја освои златната медаља на ракометното Светско првенство.

Данците беа домаќини на Мундијалот и до финалето забележаа девет победи, односно, победија во секој натпревар, а во ист ритам продолжија и во финалето против Норвешка, за да за вршат со 31:22.

Норвешаните само првите 10 минути покажаа нешто игра, кога имаа и водство.

Домашната селекција во 12 минута прв пат дојде до два гола предност, а во фуриозниот остаток од првиот дел од натпреварот предноста само растеже. На полувреме заминаа со дури седум голови разлика.

Во продолжението иста ситуација, домашните играчи ја одржуваа предноста од 7,8 голови и на крајот рутински ја завршија играта.

Микел Хансен продолжи со одличната игра, а му помогнаа Ларсен и Лауге со одличниот Ландин на голот. Хансен постигна 7 година и беше најефикасен играч на првеството. Кај Норвежаните единствен расположен беше Јоендал со девет погодоци.

Слични содржини