Спасовски – Палмер: Очекуваме скорешна одлука на ЕУ за почеток на преговорите по исполнувањето на критериумите за НАТО

од Nikola Popovski
Од резултатите од реформите и од нивното спроведување се очекува позитивна и скорешна одлука на ЕУ за почеток на преговорите како логичен чекор и заради исполнувањето на сите критериуми и стандарди за членството во НАТО.
Ова го истакнал специјалниот претставник на американскиот државен секретар на САД за Западен Балкан, Метју Палмер денеска на средбата со премиерот Оливер Спасовски, на маргините на Самитот за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, повторувајќи ја определбата на неговата земја за поддршката на реформите и нивното спроведување во Северна Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата уште еднаш беше потврдено пријателството и стратешкото партнерство меѓу САД и Северна Македонија, а како посебно беше издвоено лидерството на земјата во регионалната соработка.
Во таа насока, се посочува, премиерот Спасовски истакна дека Северна Македонија останува посветена на исполнување на обврските од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и на Договорот од Преспа со Грција, кои добија признание дека се остварени во духот на европските вредности, и дека се светол пример за решавање на билатерални спорови во регионот, стои во соопштението.

Слични содржини