Спасовски: Саботирањето од Чулев и таргетираното тестирање се причини за зголемениот број на заразени

од Aleksandar Petrovski

Премиерот Оливер Спасовски гостуваше во отвореното студио на 24 анализа и потенцираше дека кај нас една од главните причини за зголемениот број е непочитувањето на мерки од страна на граѓаните.

„Некои сметаат дека не постои вирусот, дека со температурите ќе го снема. Имаше и саботирање на мерките и објави дека јавно нема да се почитуваат мерки за заштита. А, една од клучните работи е што имаше и неработење и саботирање од министерот за внатрешни работи: јавно се најави дека нема да бидат казнувани оние кои ги прекршуваат мерките. Причина за зголемениот број на дијагностицирани е и тоа што се прави таргетирано и масовно тестирање на семејства кои беа зафатени од приватни средби и ифтарски вечери и од конфекциите во Штип“ – вели Спасовски.

Спасовски смета дека системот на здравство и покрај недостатоците функционира и може да се справи и да одговори со капацитетите.

„Имаме доволно здравствени капацитети да се справиме со ситуацијата. Имаме 1000 легла капацитет за згрижување на заразените. “ – рече Спасовски.

Во однос на карантинските мерки, Спасовски вели дека не станува збор за доцнење на одлука за нови рестриктивни мерки.

„Сите кластери се ставени под контрола. Во Штип ситуацијата е под контрола, се работи за неклку конфекции и таму се упатени неколку епидемиолошки служби.“ – вели Спасовски.

Слични содржини