Спектакуларна глетка: Кометата Неовајс на небото над Скопје (ГАЛЕРИЈА)

од Берта Китинска

Кометата Неовајс, најсветлата комета видлива од северната хемисфера последниве 25 години, влезе во орбитата на Меркур пред околу една недела.

Близината на Сонцето и топлината направија нејзината опашка да биде уште подолга и уште посветла. Кометата со дијаметар од околу пет километри, ќе мине крај Земјата, а најблиску до нас ќе биде за околу две недели.НАСА ја откри оваа комета во март. Нејзиното јадро е покриено со слоеви материјал кој датира од почетоците на нашиот Сончев систем, пред околу 4,6 милијарди години.

И скопјани имаа можност да уживаат во магичното небо.

Фото: Борче Поповски

Слични содржини