Спортската арена станува центар за имунизација

од Берта Китинска

Масовната вакцинација против ковид-19 во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ќе почне в понеделник и за тој ден се закажани првите речиси 3000 термини.

Во салата ќе работат вработени од администрацијата во Министерството за здравство и во Институтот за јавно здравје, а здравствените работници кои ќе бидат ангажирани се од Центарот за јавно здравје – Скопје, ИЈЗ и од здравствената станица „Железара“. Во две смени ќе работат околу 20 медицински сестри и 5 доктори.

„Денеска ќе направиме проба како ќе биде текот на процесот, каде ќе се прави првичниот прием, понатаму проценката и пристапот, каде ќе се прави иницијалниот преглед и оној дел каде ќе се издаваат потврдите и датумот за ревакцинација. Веќе тука се и фрижидерите каде ќе се донесат вакцините. Ќе има и обележани делови за итна медицинска помош и секако овој централен простор помеѓу пунктовите наменет за 15-20 минути опсервација по завршената вакцинација“, рече Филипче.

Со „Спутник“ ќе се вакцинираат вработени во Министерството за внатрешни работи, АРМ, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП „Скопје“,

Слични содржини