Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго

од Vladimir Zorba

Спречен нелегален влез на 11 мигранти државјани на Сирија, Пакистан, Камерун и Конго во три одделни случаи на влез на граничниот премин Богородица во текот на оваа и минатата недела.

Два случаи се откриени од страна на мобилен тим на Секторот за контрола и истраги по контрола на две товарни моторни возила со полски регистарски таблички на влез во државата на Богородица на 4 јануари доцна вечерта и на 5 јануари во 4 часот наутро. И во двата случаи мигрантите се откриени во просторот за палети на полуприколките при контрола со мобилен скенер, при што и во едниот и во другиот случај се откриени по 4-ца мигранти од Сирија и Пакистан.

Третиот случај е откриен од страна на царинските службеници исто така на влез на граничен премин Богородица при контрола на товарно моторно возило, кое како и во горенаведените случаи било со полски регистарски таблички. При контрола на возилото во помошните сандаци за палети се откриени тројца мигранти од Камерун и Конго, соопштија од Царинска управа.

Слични содржини