„Squid Game“ доби музичко издание (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

По синглот „Squid Game (Let’s Play)“, популарната јужнокорејска серија „Squid Game“ доби комплетно EP со истото име.

Се наведува дека на изданието има четири песни, кои се продуцирани од познати имиња од електронската музика, како што се Alok, Cheat Codes, TOKIMONSTA, како и корејската ‘a cappella’ група May Tree.

„Како и многу други, ја гледав серијата и многу ми се допадна. Како Американец со корејско потекло, гледањето на ваков вид претставување на заедницата поврзано со прифаќање на преминување на границите е многу важно за азиските малцинства кои живеат во западните општества. Со оглед на тоа, бев инспириран да напишам нешто уникатно и поврзано со моите корени. Направив песна во која можете да го слушнете мојот глас како интерпретира текст на корејски“, рече TOKIMONSTA за неговата песна „The Flower Blooms“.

Иако серијата излезе во септември минатата година, треската за „Squid Game“ сè уште трае и со преку 142 милиони стримови на глобално ниво, таа е една од најгледаните на платформата „Нетфликс“.

Слични содржини