Срамна грешка на Балтичката флота на Путин – сами ненамерно си уништиле еден брод

од Симе Стоиков

Русија случајно уништила сопствен брод во Балтичкото Море за време на воени вежби, јавуваат британските медиуми.

Бродот, именуван „Капетан Лобанов“, е снимен во чад откако претрпел ракетен напад во близина на брегот на руската ексклава Калининград.

Имаше очигледен обид да се прикрие непријатната грешка на Балтичката флота на Владимир Путин, бидејќи првичните извештаи велеа дека на бродот имало необјаснета „експлозија и пожар“.

Според „Дејли мејл“, бродот бил погоден со проектил „Искандер-М“, при што загинале три лица, а четворица се повредени.

Роднина на еден од членовите на екипажот изјави за независни руски медиуми дека сите тие јасно знаеле дека проектилот ги погодил.

„Но, тие решија да напишат дека има „пожар“ на бродот“, рече тој.

Бродот претрпел значителна штета, а кабината на капетанот била целосно уништена. Ранетите, наводно, биле испрашувани од службеници на руската безбедносна служба ФСБ и им наредиле „да не зборуваат за инцидентот“.

Инаку, Русија во моментов одржува поморски вежби во Балтичкото Море, кои вклучуваат напад на лажен непријател, вклучително и подморница. Вежбите вклучија и употреба на хиперсонични балистички ракети Искандер-М и крстосувачки ракети.

Слични содржини