Срамно: Се расправал со судијата, па плукнал по теренот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Франциско Серундол го победи Беноа Пер со 4:6, 6:3, 6:1 во осминафиналето на Буенос Аирес, но мечот останал во сенка на срамното однесување на францускиот тенисер.

Грубоста на Французинот навистина не познава граници, па тој продолжува со испадите. Овој пат тој решил да се скара со главниот судија по еден удар од ривалот.

Заедно со судијата го гледаме местото каде што топчето се одбило, а го изразил своето незадоволство бидејќи одлуката не му одела во прилог со неочекуван гест – плукнал на земјената подлога!

Се расправал со судијата, а кога освоил поен после тоа, реши да прослави, викајќи пред столчето на главниот судија.

После натпреварот, тој објави фотографија на која се гледа колку пари заработил во својата кариера (8.505.886 американски долари) и објаснил дека „вредело“ да се стори тоа.

Слични содржини