Србија ѝ донираше уште 13.000 руски вакцини на С. Македонија

од Nikola Popovski

„Србија ѝ донираше дополнителни 13.000 вакцини Спутник V на С. Македонија“, изјавила денеска премиерката Ана Брнабиќ, наведувајќи дека досега на нашата земја ѝ се донирани вкупно 48.000 вакцини.

По посетата на термоцентралата, Брнабиќ пред новинарите во Костолац изјавила дека дополнителни 13.000 вакцини „Спутник V“ биле доставени до С. Македонија доцна синоќа, како дел од контингентот од 20.000 вакцини од компонентата два, наменети за ревакцинација.

Таа потсетила дека тие 20.000 вакцини биле доставени пред три недели.

Премиерката истакна дека има доволно вакцини за нашите граѓани и дека, доколку е потребно, Србија ќе продолжи да биде отворена за поддршка на пријатели и партнери во регионот.

„Не можеме да се вратиме во нормалниот живот ако сите други не се вратат во нормалниот живот. Тоа е инвестиција во заедничка безбедност и сигурност“, рече Брнабиќ.

Владата на Република Северна Македонија на 1-ви април ја разгледа и ја усвои Информацијата за донација од Република Србија на 40.000 дози „Спутник В“ вакцини против КОВИД-19 и го прифати текстот на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на здравството за имунизација на населението против КОВИД-19.

Со овој договор е обезбедена донацијата од вкупно 40.000 дози „Спутник В“, од кои 20.000 дози од компонента 1 ќе бидат испорачани денеска, а останатите 20.000 дози од компонента 2 во наредниот период.

Слични содржини