Србија: Над 1.880 заразени со коронавирус, 23 пациенти починале

од Nikola Popovski

Во последните 24 часа во Србија, коронавирусот е потврден кај 1.881 лице меѓу 11.725 тестирани примероци. Нови 23 пациенти починале како резултат на инфекцијата, се наведува на веб-страницата „covid19.rs“.

Во моментов, 5.462 пациенти се хоспитализирани во болниците низ целата земја, од кои 195 се приклучени на апарати за дишење.

Од појавувањето на првиот случај на инфекција со новиот коронавирус во Србија на 6 март минатата година, регистрирани се 368.072 позитивни граѓани, а починале 3.687 лица. Тестирани се вкупно 2.448.761 примерок.

Министерството за труд, вработување, работи за борци и социјални работи објави дека во моментов коронавирусот е потврден кај 968 корисници и 563 вработени во институции за социјална заштита и домовите за возрасни и стари лица.

Слични содржини