Србинка пријавила дека нејзиниот малолетен син бил натепан во Битола

од Radmila Tasevska

Малолетник бил нападнат од друго малолетно лице пред два дена во Битола.

Случајот го пријавила мајката на натепаното момче, која е од Србија.

„Во Полициска станица Битола М.К.(32) од Р. Србија пријавила дека на 29.04.2023 околу 15.00 часот во стан во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат со тврд предмет од друг малолетник“, соопшти МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини