Средба меѓу претседателот и премиерот на Ерменија: Очи во очи за внатрешната политичка состојба

од Stefanija Kuzmanovska

Ерменскиот претседател Армен Саркишјан и премиерот Никол Пашинјан се состанаа денес за да разговараат за внатрешната политичка ситуација, објави претседателската прес-служба.

„Бидејќи претседателот Армен Саркишјан има здравствени проблеми, премиерот го посети. Се разбира, претседателот и премиерот се осврнаа на внатрешната политичка состојба во земјата. Поинаквии информации се апсолутно лажни, тие се обидуваат да ја влошат веќе напнатата состојба“, се вели во соопштението, пренесува Тасс.

Претседателската прес-служба исто така објави дека претседателот се води исклучиво од Уставот и дејствува во национални интереси во рамките на неговите овластувања.

На 25 февруари, Генералштабот на вооружените сили на Ерменија побара оставка од премиерот и неговата влада, а изјавата ја потпишаа началникот на Генералштабот Оник Гаспаријан, неговите заменици, шефови на оддели и корпуси. Пашинјан го сметаше тоа за обид за воен удар и најави разрешување на началникот на Генералштабот, пренесува Тасс.

Според Уставот, командантот на вооружените сили го назначува претседателот на предлог на премиерот. Во саботата, претседателот го врати до премиерот предлогот да го замени началникот на Генералштабот, а премиерот го повтори својот предлог до претседателот, кој има рок од три дена да потпише указ за смена или да го оспори пред Уставниот суд .

Претседателот изјави дека не поддржува никаков вид политички притисок.

Од четвртокот во Ерменија траат масовни митинзи на приврзаници и противници на премиерот.

Слични содржини